Принцип

24.05.2005

 
Да Се Спремиме Кон Солидарноста На Балканот!

Ние неколку партии и организации кои се сретнавме на конференцијата во Солун на 23 и 24 април 2005 година после дискусиите и размената на мислењата и завземените ставови околу ситуацијата во балканските држави децидни сме дека структури што раководеа со конференцијата целосно не известуваа. За и како резултат на постигнат консензус одредивме името на конференцијата да биде:’’Конференција На Комунистичките И Работничките Партии За Балканот‘‘.

Интенциите на конференцијата се:

  • Да ги собереме сите комунистички и работнички партии од Балканот како и други организации.
  • Да ја направиме-осознаеме ситуацијата во работничката класа и на другите оргенизирани човечки маси и тоа веднаш.
  • Што побрзо да создадеме пријателски односи, солидарност и интернационализам на балканските простори.
  • Да создадеме координации на пријателски односи на равноправно ниво и секогаш да ги истакнуваме потребите што народите и комунистите ги сметаат потребни за пласман.
  • Да се разви анти-империјалистичка борба.

Поради тоа конференцијата представува структура која ќе се употребува и претставува вистински израз на ставовите на комунистите и работничките движења на Балканот, а со тоа ќе се постигне онолку колку што ќе се успее да се наметне во нашите потесни сили за поуспешна борба за придобивка на сиромашните слоеви но засега сеуште не сме спремни со равноправноста и координацијата подеднакво на Балканот. На конференцијата можат да земат учество комунистичките и работничките партии и организации од целиот Балкан кои ги прифаќаат нашите основни принципи и нивните принципи за да може да функционираат.

Базични принципи на партиите учеснички и организации:

  • Дали уште еднаш ги осудувате империјалистите и нивните сегашни дивеења што ги демонстрираат на балканските простори посебно за НАТО пактот и со исто осудување на културниот империјализам кој се спроведува како и империјалистичката глобализација со нејзините деструктивни последици за работничката класа, за народите кои даваат отпор кон глобализацијата.
  • Оценуваме дека повторно се појавува неолиберализмот и сите пороци кои се јавуваат како негова последица а штетни по народот. Реакционерните влади и држави кои ги носат работничките класи до увиштување шират дефетизам и безнадежност во кои ние не сакаме да живееме.
  • Силите на глобализација било да се внатре во нашите земји или на нашите граници не се воздржуваат да ги оттргнат нашите народи среде нивниот мир и не се воздржуваат и не прават никаков компромис сеејќи безперспективност и страв.
  • Ќе ги уништиме повторно националистите, шовинистите и фашистите и нивните теории и нивните полиции кои ќе се промовираат на било кој план или во било која насока помеѓу нашите пријателски народи и на интернационалните средини низ светот.
  • Ги промовираме солидарните и солидаризираните револуционерни сили со искрена желба, взаемен респект, за еднаквост без хегемонија.

Правила на функционирање на конференцијата:

  • Сите партии кои ја создадоа конференцијата (овде партиите и организациите се равноправни).
  • Од секоја земја која се претстави со повеќе партии од една или организации ќе можат и натаму да учествуваат ако ги прифатиле принципите и правилата и ако со нивната работа биле конструктивни во работата на нашата Балканска конференција .
  • Балканските партии и натаму ќе можат да соработуваат со другите партии и политички субјекти во светот. Оваа конференција тоа им го овозможува сосема слободно, да соработуваат билатерално.
  • Балканската конференција ќе може да го усогласува својот Устав на секоја следна конференција ако за тоа се покаже како потреба.
  • Резолуциите на Балканската конференција можат да се адаптираат на прикладен начин. Овие размислувања се наметнуваат за некои посебни прилики заради постигнување концензус за некои идни ситуации или кога ќе се сака да се заблагодариме на некои добри дискусии.
  • Овие предвидувања се за секој случај ако се укаже потреба за некој поединачен народ со некои негови потреби.
  • Дискусиите на балканската конференција сигнализираа како партиите и организациите ќе се однесуваат. Резолуциите ќе се адаптираат кога ќе се постигне единствен концензус иако некој став не би бил во склад со сите партиципиенти, ако документите се со желба за нови откривања на некои решенија во некоја нова агенда. Понатака ако нив многу брзо им е потребно да се произнесат. Секакви писани размислувања на било кој партиципиент, партија или организација може да комуницира со било која членка посебно. Со конференцијата помеѓу две конференции ќе раководи-координира координативна група од три члена и двајца резервни како техничко работно тело. Тие ќе дистрибуираат документи и друг вид коресподенција насекаде, со членовите на конференцијата.
  • Сите средби се отворени за сите учесници кои ќе ги прифати балканската конференција.
  • Координативната група може да го праќа техничкиот персонал за помош на учесниците.
  • Солун е одреден за седиште на Балканската конференција и седиште на координативната група. За сега ќе биде така што не значи дека во некое друго време а по указана потреба седиштето не би можело да се смени.
  • Блканската конференција може да издава публикации или магазин-ревии или друг вид материјали, интернет креатури и слично.
  • Секоја партија, партиципијент или организација би требало да партиципира со онолку финансиски средства колку што реално може. За сега, за почеток, работната група е финансиски обезбедена за редовна работа.
  • Многу е важно оваа меѓународна група да е финансиски обезбедена за да биде независна на секој план од работата на оваа многунационална организација.